П О Е Т И
Во еден дрвен долап претворен во сеф, наместо азно чувам книги и старата икона од дедо ми – бледа и исчадена од молитви и молби упатени кон Бога. Ништо ниту завршува ниту почнува сега: додека сум жив Он е тука, на иконата, и книгите како Седржители на човештвото. Додека е Он макар и на икона, јас сум жив и смртта ја нема, а кога ќе дојде таа мене ќе ме нема сејач на ова поле што сеел во книгите стих до стих... Ќе ме нема како Пушкин во Русија што го нема, ќе ме нема како Мажит Гафури во Башкортостан што го нема, но посмрттно ќе ме има како нив што ги има во некоја песна, која светот сеуште ја памти ! Пред да умре Пушкин низ воздишка шепнал: „Сврши животот!"... Гете, пак, светлина побарал та во мрачниот тунел итајќи кон смртта, како стих да рецитира викнал: „Сврши животот!"... И кој сме ние пред смртта и во смртта што градиме од стихови кули вавилонски, кој сме ние скитници во бесконечноста, отаде пеколот, отаде рајот – во вечноста славни? Поети и ништо друго! Смрт и слава истовремено, зрно мудрост фрлено во вселената некој што ќе не помни, како јас во потрага по височините Гафури што го читав! &nb
...
Читать дальше »
Просмотров:
591
|
Добавил:
gafuri
|
Дата:
27.03.2013
|
| |