Приветствуем гостей и посетителей нашего сайта!
Меню сайта
  • Главная страница

  • О Фонде

  • Мероприятия Фонда

  • Каталог статей

  • Обратная связь

  • Фотографии с мероприятий Фонда

  • Родственники Мажита Гафури

  • Филиал в городе Екатеринбурге

  • Услуги

  • Мини-чат
    Статистика

    Онлайн всего: 1
    Гостей: 1
    Пользователей: 0
    Форма входа
    Главная » 2013 » Февраль » 10 » Стихи Мадриля Гафурова перевели на македонский язык
    16:26
    Стихи Мадриля Гафурова перевели на македонский язык
      
    Ангел Христов 
    Ангел написал: Хорошо когда большие расстояния не являются препятствием для культурного обмена и сотрудничества между такими великими современными поэтами как Мадрил Гафуров из Уфы и Панде Маноилов из Битола. Я горжусь, что знаком с этими двумя представителями своих народов.

    Читатели сайта имеют возможность ознакомиться со стихами Мадриля Гафурова в переводе на македонский язык  Орлином Павловичем и Панде Манойловым
     
    Мадрил Гафуров
     
                ГОДИНАТА НА ЗМИЈАТА
     
                Вкусувајќи го во Рајот забранетиот плод
                Го зачнал Адам нашиот грешен род...
                Но, нели, го скина него од тоа дрво
                Излажаната на блуд Ева?
                Иако велат, гревот не бил во неа,
                Туку виновна за тоа е Змијата
                Што ја искушуваше со ноќи
                Та, затоа му се реванширала на Адама...
                Ама, нешто не ми се верува
                Дека тој наш предок немал ништо со тоа...
                Но и до денес во тоа е несреќата
                Та и нас не искушуваат како и Адам!
                А Ева ни е дадена засекогаш
                И таа е во секоја жена
                Живеејќи во неа и горејќи од тајна страст!
                За наша среќа или несреќа
                И макар што прашањето нема да го решиме
                Сите со задоволство грешиме:
                Зашто, да се живее без секс
                Е исто како да се живее без срце...
                Ете, таква лекција ни одржа
                Гладната Змија
                Или Старецот Бог!
                Но, кревајќи ги рацете кон небото,                                                                                                                     
                Јас сепак кревам здравица за ... Ева!
     
     
                     ЗАМИНУВА ЖЕНАТА
     
                Заминуваат љубените жени од нас
                Уште пред да ја треснат вратата...
                Заминуваат нè изморени од милувања
                Туку, затоа што престанале да ни веруваат.
                А како и нè, кога забораваме
                да им го ставиме нашето рамо
                за да можат на него да плачат...
                Заминуваат тие, тивко, пожртвувано,
                За да не станат обичен предмет:
                Низ годините,
                По средбите,
                По бакнежите
                И по сите кавги и расправии...
                Дарејќи им ги до крај срцата на љубените,
                Заминуваат со болка, срамежливо,
                Без последно да љубат
                Но доволно страдајќи
                Заминуваат жените
                Пратени од плачот
                На старинските валцери...
                Но...
                Ние од нив заминуваме
                Како вода
                Од дланка со раширени прсти...
                Заминува жената –
                Без разлика дали си молел или не,
                Заминува жената и од семејната стреа,
                Заминува молчешкум
                Со последните сили:
                За никогаш да не љуби друг!
     
     
                        ТИТАНИ
     
                Гласници од дамнешни години –
                Поети, новинари,
                Вие за мене сте како амајлија стара
                На патот што го изодев замаглен и трнлив...
                И нека во анкетите од тие времиња,
                Стои дека кај вас имало црни петна,
                Сепак не бил попуст вашиот силен отпор!
                И секому нека му биде јасно:
                Зборувајќи гласно со порив од срце
                За Татковината, вие, сторивте многу!
                Сега, пак пред мене стоите вие
                Како титани од едно време –
                Но во рацете не држите триумф
                Туку, повтор, оптегнати лак и стрела
                Кон некои монарси нови...
                Јас верувам во тоа да се стрела,
                Но подбивот не ви одговара вам!
                А во векот на космички ракети
                И физиката нова и квантна
                Пак ќе останете како титани вие
                Но не затоа што друг ви заповеда така
                Туку затоа што светот стои
                Засолнат в спокој зад штитовите ваши!
     
     
                  СНИШТА
     
    Ми се причини дека времето го засени
    Она што го преживеавме јас и Татковината.
    Но, неодамна минувајќи крај гробот на брат ми
    Болка некоја ме заплисна со нов бран:
     
    Таму, свиткана крај гробот до јабланот бел,
    Како да клечи пред нечии нозе, видов,
    Жена една како некому пее приспивна песна,
    Песна на синот што жив не се врати од војна...
     
    Минуваат дните, месеците, годините минат,
    Влегува искра среќа в куќен праг,
    Но и понатаму синовите сонат,
    Војниците мртви, војни сонат...
     
             БАРАЈЌИ ЈА ВИСТИНАТА
     
    Очигледно, повторно нешто сум помешал
    Длабоко во себе сум испомешал
    И како да не се препознавам сам:
    Стојам како ловец на крстопат
    За повторно и поинаку да го осознаам светот,
    Боите, мирисите, музиката во лисјето...
    И повторно ме измачува прашањето:
    Како да ги разберам нештата во суштината!?
    А до неодамна сè беше така просто
    Кога светот беше умерено нежен и суров...
    Но, ете, сред архипелагот голем
    Останувам изгубен како пуст остров
    Упорно барајќи ја патеката своја
    Па затоа и по некогаш ми се чини
    Непрестано кажувам само лаги...
     
    МАДРИЛ ГАФУРОВ е познат башкириски поет, прозаист и новинар. Роден е на 10 мај 1936 година во селото Мраково во Кугарчискиот реон на Република Башкортостан, Руската Федерација. Го завршил Мраковското средно училиште а дипломирал на Филолошкиот факултет на Башкирискиот државен универзитет (1964). Извршувал значајни функции, бил главен и одговорен уредник на неколку списанија а денес е претседател на Општествениот фонд „Мажит Гафури" во главниот град на Република Башкортостан – Уфа.
                Автор е на неколку стотици песни со кои е застапен во повеќе антологиски избори и поетски зборници како што се: „Многукатна периферија", „ Трската на ветерот", „ Сиот сум во своите стихови", „Кога пее чучулигата" и други. Автор е на поемите: „ Поле на детството", „ Рането животно" и „Син на сонцето".
                За своето творештво добил значајни републички и сојузни признанија.
     
    Превод и препев од руски:
    Оливера Павловиќ
    Панде Манојлов

    Просмотров: 667 | Добавил: gafuri | Рейтинг: 5.0/1
    Всего комментариев: 0
    Имя *:
    Email *:
    Код *:
    Поиск
    Календарь
    «  Февраль 2013  »
    ПнВтСрЧтПтСбВс
        123
    45678910
    11121314151617
    18192021222324
    25262728
    Архив записей
    Друзья сайта

    Copyright MyCorp © 2024 | Бесплатный конструктор сайтов - uCoz