ВО СЛАВА НА ПОЕТОТ
Дали и есента во твоето село,
во твоето Елем-Караново,
во спомените од твоето детство,
започнува со по некој стих
Мажит Гафури, поету славен?
Ти пееше ли песни
топли и нежни твојата мајка
или татко ти Нургани,
ти пееја ли песни за твојот
херојски народ, поету славен?
И какви ли беа легендите,
а какви ли беа сказните,
на твоите баба и дедо
за царските неправди
на Башкириците, поету славен?
Го сакаше родот свој,
го сакаше и светот,
та учеше и арапско и иранско,
и турско и руско писмо,
а мислеше башкириски, поету славен...
„Шакирдам ишана“.
Шакирдам ишана, крикна твојот глас!
Во ноќната тишина
се роди стихот,
на јазик мајчин, поету славен!
Те читам,
твоите книги со љубов ги читам,
стих по стих, збор по збор,
и се прашувам Мажит:
и во рајот, поет си славен, нели?
28.09. 2015 Панде Манойлов, македонский поэт. Битола.
|